Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ ја „билда“ црната листа на земји даночни раеви

ЕУ ја „билда“ црната листа на земји даночни раеви

Европската Унија донесе одлука 7 земји од нивната црна листа на даночни раеви да бидат сместени во нова посебна категорија како на земји врз кои ќе биде извршен дополнителен мониторинг. 

Сепак, тоа е добра вест за Обединетите Арапски Емирати, Панама, Тунис, Кореја, Барбадос, Гренада, Макао и Монглија. Главната причина за создавањето на црната листа беше поради барањето на ЕУ за поголема соработка со даночните и финансиските власти и следење на сомнителни трансакции.

„Нашиот процес на правење листи веќе се покажа дека е многу вреден. Властите ширум светот работеа многу напорно за да се посветат на реформи на нивните даночни политики. Нашата цел е да промовираме добри владините даночни политики на глобално ниво“ истака Владислав Горанов бугарскиот министер за финансии кој е дел од советот на ЕУ со бугарското претседателство на унијата.

На црната даночна листа и натаму се наоѓаат Американска Самоа, Бахреин, Гуам, Маршалови острови, Намибија, Палау, Света Луција, Самоа и Тринидад и Тобаго. 

Инаку дури 47 земји се поставени во „сива“ зона и тие не се придружуваат до ЕУ стандардите, но се посветени на промена на даночните правила. Листата на ЕУ беше создадена по објавата на Документите од Панама и Рајските документи.


Слично

Поврзани вести