ЕУ измери голем пад на оптимизмот кај Македонците за прием во Унијата
Европската унија преку своето официјално мерење Евробарометар утврди дека оптимизмот за зачленување на земјата во Унијата е паднат на 57 отсто. Истиот бележи пад од шест отсто во однос на последното мерење изминатата есен.
Истражувањето е спроведено по европските избори меѓу 7 јуни и 1 јули 2019 година во сите 28 земји членки на ЕУ и петте земји кандидати.
Од друга страна зфолемена е поддршката за прием на нови земји членки. Со тоа се согласуваат 48 отсто од жителите на ЕУ, што е пораст од три проценти во однос на есента 2018 година.
Најмала поддршка за проширувањето на ЕУ има во Холандија (31%), Франција (32%) и Германија(33%).
Во анкетното истражување опфатени се 27 464 испитаници, а во Македонија бројката е 1 017 анкетирани во периодот од 12 до 26 јуни годинава.
Слично
