Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ им дава на Македонија и Србија уште 30 милиони eвра за бегалците

ЕУ им дава на Македонија и Србија уште 30 милиони eвра за бегалците

Дополнителна помош од Европската унија во износ од 30 милиони евра за справување со последиците од бегалската криза во Западен Балкан ќе добијат Македонија и Србија. 

Решението е прифатено доцна синоќа и според него издвоените средства ќе се користат за управување на границите и за обезбедување на засолниште и други услуги за бегалците. 

Од Европската комисија велат дека оваа сума се дава и покрај 59-те милиони евра кои веќе беа доделени на двете земји од почетокот на кризата во 2015 година.

„Одобрениот пакет ќе помогне за понатамошно подобрување на менаџерските способности кога станува збор за границите и миграцијата во регионот. Ќе овозможи продолжување на поддршката на граничната полиција со цел контрола на границите да се врши во согласност со европските стандарди. Средствата ќе обезбедат поддршка за оние кои се одговорни за основните потреби на мигрантите и бегалците, какви што се сместување, здравствените услуги и заштита“, пишува во соопштението на ЕК.


Слично

Поврзани вести