Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ И САД НА ИСТА ЛИНИЈА: Бараат да се осигура независноста на СЈО

ЕУ И САД НА ИСТА ЛИНИЈА: Бараат да се осигура независноста на СЈО

ЕУ и САД се сложуваат дека капацитетите и независноста на Специјалното јавно обвинителство треба да биде осигурана. 

Ваков став соопшти Амбасадата на САД во Скопје, откако претходно денеска се огласи Делегацијата на ЕУ во Скопје.

„Јавното обвинителство и Специјалното јавно обвинителство се клучни за напорите на Северна Македонија за гонење и борба против корупцијата и за враќање на довербата на јавноста во независен правосуден систем. САД се сложуваат со Делегацијата на ЕУ дека нивните капацитети и независност треба да бидат осигурани“, информираше Американската амбасада.

Делегацијата на ЕУ соопшти дека е од огромна важност СЈО да продолжи со гонењето на оние кои се одговорни, на сторителите, и тоа да го прави на професионален начин и независно.

Ги поттикнуваат сите парламентарни политички партии и почитувани членови на Собранието позитивно да го земат предвид усвојувањето на законот.

„Ова ќе им ја покаже на граѓаните, како и на меѓународната заедница, посветеноста за утврдување одговорност за сите кривични дела, особено за корупцијата на високо ниво и злоупотреба на моќ, но и за зајакнување на владеењето на правото во Република Северна Македонија. Исто така, ќе придонесе кон исполнување на желбата на граѓаните за фер општество, засновано на правила, што всушност е суштината на процесот на проширување на Европската Унија“, стои во соопштението на Делегацијата на ЕУ.

Европската унија, велат ги следи одблиску подготовките за измена на Законот за јавно обвинителство, кои имаат за цел да го вклучат функционирањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) како составен дел од Јавното обвинителство.

Денеска ќе се направи трет обид меѓу политичките чинители да се најде решение за СЈО. 

„Сите пораки кои ги добиваме од ЕУ се дека СЈО треба да продолжи да работи како посебно Обвинителство, а не да се претопи во друго Обвинителство“, изјави министерската за правда Рената Дескоска, пред денешната средба со претставници на ВМРО ДПМНЕ кои поднесоа 65 амандмани на Законот за јавно обвинителство.

Дескоска и премиерот Зоран Заев во Собранието имаа средби со претставници на Алијасната на Албанците и Беса за подршка за Законот за јавно обвинителство.

ВМРО-ДПМНЕ бара СЈО да стане дел од Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција и да запрат истрагите кои се покренати 18 месеци по формирањето на СЈО.

Слично

Поврзани вести