Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ ГО ПРОЗВА ИВАНОВ: Брзо да се изнајде политички лидер кој ќе формира Влада

ЕУ ГО ПРОЗВА ИВАНОВ: Брзо да се изнајде политички лидер кој ќе формира Влада

Меѓународните институции будно ја следат ситуацијата во земјата.

Од Европската унија денеска го прозваа претседателот Иванов да ги повика на итна консултација сите политички партии и да определи кој ќе формира широка и стабилна Влада.

Ппортпаролката Маја Коцијанчич пренесувајќи ја пораката на ЕУ повика на смиреност кај партиите и побара даделуваат на смирен и конструктивен начин и со целосна одговорност да ја решат моменталната состојба

„Како што знаете, државата нема време за губење, и во тој поглед очекуваме претседателот согласно Уставот, да повика на итни отворени консултации со политичките сили во земјата, и брзо да изнајде политички лидер во земјата за формирање на Влада, кој може да најде заедничка подлога за формирање на стабилна и солидна коалиција. И како што рековме претходно, таква коалиција треба да биде што е можно поширока и да се потпира на силен, сеопфатен реформски консензус и меѓуетничка соработка“, потенцира Коцијанчич.

ЕУ очекув  сите политички сили во земјата да го спроведат договорот од Пржино и итните реформски приоритети, кои се витални за прогресот на државата на патот кон Европската интеграција потенцирајќи дека широка Влада не е новитет во Брисел и повторно го кажа ставот на еврокомесарот Хан кој  порача дека е неопходно влада со широк консензус.

Слично

Поврзани вести