„ЕУ Е ЗАГРИЖЕНА ЗА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО ВО МАКЕДОНИЈА“: Кос вели дека тоа е клучно за членство во Унијата
Европската Унија е загрижена за владеењето на правото во Македонија и земјите од Западен Балкан иако е забележан напредок, смета еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
Според неа, продолжува праксата со мешање во судските процеси, притисокот врз службениците кои истражуваат корупција и политизацијата на медиумските регулаторни тела, што како што истакна е неприфатливо.
Еврокомесарката додаде дека ЕУ се темели на владеењето на правото, кое подразбира независно судство, фер избори и слободни медиуми. Вели дека земјите кандидати кои не можат да го обезбедат ова ниво на владеење на правото нема да можат да станат членки на Унијата.
Кос вели дека земјите од Западен Балкан се во фокусот на процесот на проширување и дека владеењето на правото е клучен предуслов за нивна интеграција.
