Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕСТРАДНИ ПЕЈАЧИ ОТКАЖУВААТ НАСТАП ЗА „8 СЕПТЕМВРИ“ НА ПЕЛЕНИЦА: Тврдат дека биле изманипулирани, не пееле на партиски настани

ЕСТРАДНИ ПЕЈАЧИ ОТКАЖУВААТ НАСТАП ЗА „8 СЕПТЕМВРИ“ НА ПЕЛЕНИЦА: Тврдат дека биле изманипулирани, не пееле на партиски настани

По повод претстојниот празник „8 Септември“, Општинската организација на СДСМ од Кисела Вода, организира традиционален пикник на „Пеленица“ на кој учество требаше да земат голем број естрадни музички ѕвезди. 

Меѓутоа, како што тврдат пејачите Јордан Митев и Андријана Ацевска, тие не биле информирани дека овој настан е организиран од политичка партија, па на своите официјални Фејсбук профили, двајцата јавно се откажаа од настапите во организација на СДСМ - Кисела Вода.

„Почитувани фанови, да се настапи за денот на независноста на мојата земја Македонија, како автор и изведувач на македонска музика за мене е голема чест. Тој празник е за сите кои што си ја сакаат и почитуваат својата земја и истиот сметам дека не треба да биде политизиран или обележуван со партиски симболи. За оваа година имав неколку понуди за да настапам по повод престојниот празник. Едната е како што знаете утре на плоштадот Автокоманда ( четврток, 07ми септември со почеток од 19:30ч), а другиот настап требаше да биде на 8ми Септември во Пеленица -Скопје. Не знам дали е намерно или ненамерно, но како што гледам по најавите на организаторите настанот на 8ми Септември е партиски обележан и истиот има одредана партиска цел, а за тоа не ми беше кажано. Бидејќи се чувстувам намерно или ненамрено изманипулиран како човек и како професионалец, сакам да ве информирам дека Јордан Митев нема да учествува на 8ми Септември во Пеленица. Нека е за многу години престојниот празник, денот на независноста на Република Македонија“, напиша пејачот Јордан Митев на својот Фејсбук профил.



„Почитувани, сакам и јас да се обратам во врска со настанот кој треба да се случи на 8 септември. Во тек на договорот никој не спомна дека ова ќе биде партиски поврано. Рекламата ја видов утрово. Не сум партиски определена ни ќе бидам. Така да, јавно се откажувам од овој настап за кој уште еднаш ќе кажам, требаше да биде Народен собир а не партиски настап“, вели во реакцијата пејачката Андријана Ацевска.


Слично

Поврзани вести