Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕСМ ОД ПРОДАДЕНИ НОЌНИ ВИШОЦИ ЕНЕРГИЈА ЗАРАБОТИЛА НАД 800 ИЛЈАДИ ЕВРА, предлагаат Стопанска комора да ги анимира членките ако сакаат да купуваат

ЕСМ ОД ПРОДАДЕНИ НОЌНИ ВИШОЦИ ЕНЕРГИЈА ЗАРАБОТИЛА НАД 800 ИЛЈАДИ ЕВРА, предлагаат Стопанска комора да ги анимира членките ако сакаат да купуваат

ЕСМ инфомира дека продолжува со продавање на ноќните вишоци на енергија и ги повикуваат субјектите на кои им е потребна да се пријавуваат.

- АД ЕСМ ја информира јавноста дека на отворена јавна аукција, за периодот 07-11 септември, продаде 1800 мегаватчаса (MWh) ноќни вишоци електрична енергија од 01-07 часот по цена од 402 евра за мегаватчас, и 400 мегаватчаса (MWh) од 02-06 часот по цена од 362 евра за мегаватчас. Најдобра понуда на аукцијата даде ДУФЕРКО МК. Од оваа продажба,  АД ЕСМ оствари приход од 868.400 евра ( 53.580.000 денари) - соопштуваат од компанијата.

Од ЕСМ додаваат дека ќе продолжи и натаму да ја нуди на продажба ноќната енергија која останува како вишок во производниот процес во ноќните часови, и тоа преку отворена, транспарентна и конкурентна постапка. 

- Ги повикуваме да се пријават не само трговците, туку и сите субјекти-стопански субјекти или институции, на кои им е потребна оваа енергија во тој временски период. За ови продажби ја известуваме и Стопанската комора за да ги анимира своите членки од бизнис секторот, доколку имаат потреба да ја преземат оваа енергија - истакнуваат од компанијата.

Изминативе денови првиот човек на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ изнесе тврдења дека државната компанија ги продава ноќните вишоци со што се краде државата наместо да го помогне стопанството.

Слично

Поврзани вести