Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕСМ ги извади цевките од опожарениот топловод на мостот „Беласица“

ЕСМ ги извади цевките од опожарениот топловод на мостот „Беласица“

ЕСМ Дистрибуција на топлина објави дека започна отстранувањето на опожарениот топловод на мостот “Беласица”. Од таму додаваат дека ќе бидат вложени максимални напори демонтажата да се заврши во најкраток можен рок. 

„Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија на мостот од страна на вклучените релевантни институции и компании“, соопшти компанијата.

ЕСМ уверува дека и покрај опожарувањето на мостот Беласица, во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023 ќе има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа.


Слично

Поврзани вести