ЕСM: Додека се работи на Беласица, ќе се користи водот на железничкиот мост
АД ЕСМ информира дека ќе се користи алтернативниот вод на железничкиот мост за топлиснакат енергија да стигне до домовите на скопјани кога ќе започне грејната сезона, додека паралелно се рбаоти на санирање на цевководот под мостот Беласица.
„Во текот на изминатите недели, АД ЕСМ активно работи на решение за проблемот со цевководот кај мостот Беласица, кој е од суштинска важност за парното греење во Град Скопје. Успешно беа отстранети оштетените цевки и донесени се нови. Бидејќи мостот е под надлежност на Град Скопје, АД ЕСМ е во постојана комуникација со нив, каде се бара заедничко решение за санирање на овој проблем. Поставувањето на новите цевки е комплексна активност и бара сериозна посветеност и работа и ќе се вложат максимални напори за санацијата да заврши во најкус можен рок. Додека траат активностите за поставувањето на новите цевки ќе се користи алтернативниот вод на железничкиот мост кој има капацитет да се врши континуирана испорака на топлинска енергија до потрошувачите“, информираат од ЕСМ.
Од таму уверуваат дека цевководот ќе биде целосно функционален и ќе се обезбеди непрекинато парно греење за граѓаните на Град Скопје.
„Согласно законската обврска на 15 октомври радијаторите ќе бидат топли, граѓаните да бидат спокојни, парно ќе има“, додаваат од ЕСМ.
