Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ескобар: Амбасадорката на САД во Софија работи на случајот со правата на македонското малцинство

Ескобар: Амбасадорката на САД во Софија работи на случајот со  правата на македонското малцинство

Габриел Ескобар, заменик помошникот на Државниот секретар на САД, пред американските конгресмени рече дека се работи на решавање на прашањата со прекршување на човековите права, одговарајќи на прашање за проблемите на македонското малцинство во Бугарија.

- Американскиот амбасадор во Софија работи да ги адресира проблемите со прекршување на човековите права, рече претставник на Стејт дрпартментот за Западен Балкан на вчерашната дебата во Претставничкиот дом.

Ескобар даде ваков одговор откако конгресменката Клаудија Тени, копретседавачка со конгресната група за пријателство со Македонија и македонско-американската заедница, истакна дека постојат 16 пресуди од страна на Европскиот суд за човекови права во однос на нарушување на правото на собир на македонското малцинство во Бугарија.

Тени побара од Ескобар да одговори што прави администрацијата на САД да осигура дека Бугарија, како НАТО членка, ги исполнува нејзините обврски во однос на заштита на човековите права.

- Основата на нашето партнерство со европските партнери се вредностите, не само заедничкиот интерес туку и заедничките вредности, и се` што ја нарушува таа врска е од голема загриженост за нас, додаде Ескобар.

Тој, исто така, изјави дека најсилната порака што Европската Унија може да ја прати сега е да закаже датум за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија пред крајот на оваа година. Потенцираше дека двете држави ја завршиле тешката работа што била потребна, и оти одложувањето на пристапниот процес поттикнува сомнеж во европската иднина на регионот.


Слично

Поврзани вести