Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕСКАЛИРАШЕ ПРОТЕСТОТ ЗА „МОНСТРУМ“: Демонстрантите маваа со камења кон полицијата

ЕСКАЛИРАШЕ ПРОТЕСТОТ ЗА „МОНСТРУМ“: Демонстрантите маваа со камења кон полицијата

Ескалираше состојбата на протестите за случајот „Монструм“. Полицијата го поттисна протестот откако поединци од толпата почнаа да фрлаат камења кон полицијата. 

Екипата на МИА е нападната на протестот, по што привремено беше прекинат преносот во живо. Има и повредени полицајци во нередите. 

Халил Демири и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ за тероризам се осудени на казна затвор доживотно во денешната првостепена пресуда од Кривичниот суд за петкратното убиство на Смилковското езеро во 2012 година. Хаки Азири за помагање е осуден по пет години затвор за секое дело, односно на 9 години, во кое му се смета и времето поминато во притвор, односно затвор. 

Фејзи Азири е осуден на 15 години затвор, заедно со времето поминато во затвор и притвор.

Слично

Поврзани вести