ЕШЕРИХИЈА КОЛИ, СЕРИОЗНА ЗАКАНА ПО ЗДРАВЈЕТО ВО ЛЕТНИОТ ПЕРИОД: Микробиологот Мисоски за Фактор
Алармантен е бројот на заразени со опасната
бактерија ешерихија коли, на што деновиве предупредува Европскиот центар за
контрола и превенција на болести. Оттаму посочуваат дека бактеријата станува се
поагресивна пред се поради нејзината отпорност на антибиотици. Агенцијата препорачува дополнително
зајакнување на мерките за рано откривање на инфекцијата и нејзина контрола и
посочува дека ширењето на резистентни соеви во и меѓу здравствените институции
може да го зголеми товарот што го чувствуваат здравствените системи низ Европа.
Д-р Милчо Мисоски спец. Микробиолог, во разговор за Фактор разјаснува за каква бактерија станува збор, како и за причините зошто станува резистентна на голем број лекови, односно антибиотици.
-Escherichia coli е колиформна бактерија која припаѓа на фам. Enterobacteriaceae. За првпат изолирана од Teodor Escherch во1885 г. по кого подоцна е именувана. Ентеробактериите претставуваат хетерогена група на Грам негативни бактериии чие природно живеалиште е цревниот тракт на човекот и животните. Инфекциите со Escherichia coli се јавуваат како резултат интеракција помеѓу патогенот и домаќинот, а дали ќе дојде до инфекција зависи од вируленцијата на бактеријата (Escherichia coli), од големината на бактерискиот инокулум и од способноста на одбрамбените способност на домаќинот. Резервоар на сите серотипови на Escherichia coli е човекот. Како извор на заразата се спомнуваат најчесто изметот и урината на болен човек или животни како и анимални или хумани клицоносители. Escherichia coli најчесто се пренесува со продукти, вода и нечисти раце или преку разни предмети за широка употреба. Голем број од дијареалните заболувања во летниот период се должат на ентеропатогените, ентеротоксигените и ентероинванзивните видови на Escherichia coli, посочува микробиологот Мисоски.
Уринарните инфекции предизвикани од оваа бактерија се манифестираат како воспаление на уретрата (уретритис) , мочниот меур (цистит), и на бубрегот(пиелонефритис).
- Компликациите кои можат да бидат предизвикани при инфекција со Escherichia coli се во корелација со клиничките манифестации со кои може да биде презентирана една инфекција со Escherichia coli. пред се инфекции на уринарниот тракт, дијареални заболувања, сепса и менингит вели д-р Мисоски и посочува дека резистентноста на Е. coli е резултат на преголемата употреба на антибиотици.
- Отпорноста на бактериските видови е мултифакториелен процес. Денес се поактуелна станува нерационалната употреба на антибиотиците која во последен период завзема се поголем замав пример. самолекувањето на една инфекција предизвикана од Escherichia coli особено со неоправданото користење на антибиотици од широк спектар. За зголемувањето на бројот на заразени со ешерихија коли (E. coli) отпорни на постоечки антимикробни лекови Escherichia coli говорат и последните податоците на Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ECDC), при што и се предупредува на брзо ширење на инфекцијата, нагласува микробиологот.
Во раговорот посочува дека оваа бактерија е многу поактивна во летниот период поради високите температури при кои храната многу побрзо се расипува, а топлината го помага размножувањето на микроорганизмите.
Редовно практикување на општи и специфични санитарно - хигиенските мерки со цел спречување на контаминацијата на храната и водата
-Добра термичка обработка на храната особено во топлите месеци бидејки високите темтператури овозможуваат брзо размножување на Escherichia coli а со тоа и зголемување на инфективната доза (количината на бактериски клетки која е неопходна за да се предизвика ифективен процес), превенција од вкрсена контаминација како трансфер на одредени видови микроганизми од една површина на друга што е особено проблематечно за живи свежи намирници пр. салати, бидејќи оваа храна не е термички обработена и штетните микроорганизми во неа не се уништени. Редовно миење на рацете , приборот и работното место со вода и сапун пред обработка на храната, чистење на површините и садовите со пенливи и дезинфекциони средства. При постоење инфекции или рани на кожата неопходно е носење на ракавици. Доколку е потребно складирање на храната подолго од два часа тогаш топлата храна се складира на температура повисока од 600 C, а ладната храна на 40 C, нагласува д-р Мисоски.
Анита Буховски
