Економија, финансии, бизнис

Контакт

Есапот грешен, бистите во Градски парк поскапи од планираното

Есапот грешен, бистите во Градски парк поскапи од планираното
За новите бисти кои треба пролетва да се најдат во Градскиот парк во Скопје, градските власти од буџетот ќе се потрошат повеќе пари од претходното предвидените. Откако беа добиените понудите на објавениот кокурс за изработка на бисти на познати личности од македонската историја, најниската добиена цена за предметот на јавната набавка изнесувала приближно 905.000 денари. Со вчера изгласаната одлука на седница на Град Скопје,  градските власти решија да скратат од предвидените 7,4 милиони денари за изработка на Порта и Белведере видиковец во Градски Парк, 305 илјади денари за поставување на бистите во градскиот парк и 180 илјади денари за избор на идејно решение и поставување на спомен плочата на Васил Иљоски.  
Слично

Поврзани вести