Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕРВАН ФУЕРЕ ЗА ФАКТОР 24: ЕУ ДА ВОВЕДЕ САНКЦИИ КОН ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ И ЛУЃЕ ОД ВМРО ДПМНЕ

ЕРВАН ФУЕРЕ ЗА ФАКТОР 24: ЕУ ДА ВОВЕДЕ САНКЦИИ КОН ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ И ЛУЃЕ ОД ВМРО ДПМНЕ

ЕУ  ако е сериозна во одбраната на демократијата и правата на македонските граѓани тогаш треба да воведе таргетирани санкции, не само против претседателот Ѓорѓе Иванов, туку и против владејачката партија, зашто тие ги игнорираат заложбите на кои самите се согласија според Пржинскиот договор. На пример, улогата на специјалниот обвинител, која е критична за владеење на правото вели поранешниот ЕУ амбасадор во Македонија, Ерван Фуере за емисијата  ФАКТОР 24  . 

Според евродипломатот апсолутно е клучно овој притисок да се изврши што поскоро, пред состојбата во земјата да се вложи дополнително и да стане опасно нестабилна. 

„Апсолутно е неопходно да се зголеми притисокот врз претседателот  на државата зашто е неприфталиво за претседател на земја -кандидат да го прекрши  Уставот на овој начин, како што Иванов го направи во текот на последните недели, без никакви последици исто така е трагично што лидерот на владејачката партија, Груевски, зборува за одбрана на земјата, но ако добро погледнете што тој мисли, кога зборува за земјата, Груевски зборува за својата партија. Не е заинтересиран за интересите на земјата.

Ако поранешниот премиер беше заинтересиран, тој ќе дозволеше да се формира коалиција и ќе ја прифатеше улогата на опозиција. Ќе работеше во  Парламентот и така Груевски ќе покажеше дека ги брани интересите на земјата, но тој не го прави тоа“ оценува Фуере во изјава за магазинот ФАКТОР 24.  Тој ја уништува земјата. Токму тоа е трагично за земја кандидат. 

За поранешниот шеф на делегацијата на ЕУ во Македонија  е срамно што сегашниот спикер,  Трајко  Велјановски, одбива  да ги почитува правилата на работење на Парламентот. 

„Јасно е дека Велјановски  ги следи упатствата на Никола Груевски. Единствено решение е Парламентот да избере спикер, во рамките на дејствувањето на законодавниот дом. Тоа ќе доведе до создавање на демократски избрана влада“.  Секој изгубен ден поради блокадата на ВМРО-ДПМНЕ е изгубен ден за интересите на Македонија“, вели  Ерван Фуере за политичко-економскиот магазин ФАКТОР 24 што  ќе можете да го гледате вечерва од 19.15 часот на  ТВ 24. 

Магазинот ФАКТОР 24 кој е  проект на веб порталот Фактор. 


Слично

Поврзани вести