Еролд Муслиу: Напредував постепено, никогаш не сум бил партиски кадар
Еролд Мусли, новоназначениот директор на Агенцијата за разузнабање од страна на македонскиот претседател Стево Пендаровски, вели дека во својата кариера напредувал постепено и не членувал никогаш во одредена партија.
- Мојата биографија ги опфаќа сите скалила на вистинскиот профил на разузнавач кој по вработувањето работел како теренски оперативец, па се до раководител, согласно со професионалните правила и етика. Напредувањето во службата беше постепено, благодарение на критериуми базирани на заслуги. Тоа ми овозможи целосно да ги научам процесите на работа, да созреам професионално и да имам разбирање за проблемите со кои се соочуваат вработените на сите нивоа. Вториот адут е - визија и нови предизвициТретиот адут е - непартиски кадар.Јас не сум, и никогаш не сум бил член на политичка партија. Секогаш сум настојувал да градам професионална, а не партиска кариера, вели Муслиу во интервјуто за Дојче Веле.
Вели дека прв пат се нашол во контекст на настаните од „Диво Насеље“ по негативната реакција на ДУУ за неговиот избор.
- Еве, да одговорам конкретно на прашањето: најодговорно тврдам дека на никаков начин не сум вмешан во настаните, ниту пак моето име беше спомнато во овој контекст. Но, од позиција на директор на АР, должност ми е да се залагам за целосно расчистување на овие настани. Дополнително, Еролд Муслиу никогаш не бил дел, ниту пак работел и служел на лични служби и лични интереси, секогаш работел и ќе продолжи во тој правец да им служи на својата држава и граѓаните, коментира оперативецот.
