Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕРОЛ РИЗАОВ: Дијагнозата е „Голема Бугарија“, а заразата е пренесена од Сан Стефано од 1878 година

ЕРОЛ РИЗАОВ: Дијагнозата е „Голема Бугарија“, а заразата е пренесена од Сан Стефано од 1878 година

Бугарите имаат колективен имунитет на еден вирус повеќе од сто години. За него не е потребна вакцина. Отпорноста е вродена со мајчино млеко. Дијагнозата е „Голема Бугарија“, а заразата е пренесена од Сан Стефано од 1878 година. Таа пандемија во мутирани форми трае до ден денешен и ќе трае уште долго оти е неодживеан и неостварен сон кој останал нацртан само на географските карти и во меморијата на нашите мили комшии и браќа одржувана со митови и пропаганди рамно 142 години.

Ова во својата најнова колумна за Дојче Веле го пишува новинарот Ерол Ризаов.

„Вирусот е појавен на трети март 1878 година во селото Сан Стефано, или Јешил ќој, денес модерен кварт на Истанбул на одалеченост од десетина километри од центарот на градот каде е скучен мировниот договор меѓу Русија и Османлиското царство по руско – турската војна. Во таа, скроена на маса Голема Бугарија се корените на вирусот кој не може да се излечи бидејќи на Берлинскиот конгрес, по неполни три месеци од март до јуни – јули е избришана на ист начин како и што е нацртана картата“, објаснува новинарот, кој е долгогодишен хроничар на збиднувањата во надворешната политика на земјава.

„Оттогаш наваму Санстефанска Бугарија е лажна, неважечка тапија која Бугарите ја чуваат како одземен имот кој кога тогаш трба да им се врати. А, служи и за колективна терапија без оглед дали владеат комунисти, цареви или демократи, секогаш кога ќе се јави некоја голема мака за да се зачува власта и патриотскиот дух.

Ете тука треба да се бараат и бугарските корени на Македонците и на македонскиот јазик и во 21 век по сите војни и порази, оти во Сан Стефано целата територија на географска Македонија, без Халкидики и Солун, е ветен имот кој припаднал на Бугарија. Во таа хартија која се уште се чита како тестамент на сите генерации Бугари е содржана и денешната стратегија за блокада на Македонија да ги почне преговорите со Европската унија за членство во европското семејство.

Заканата на Бугарија со вето да се попречи Македонија на патот кон Европа ако не се прифатат бугарските корени на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик, ако не се прифати диктатот како да се изучуваат историските настани и ако не се одреди бугарската етничка припадност на историските личности, кај граѓаните на Македонија се доживува како страотен непријателски чин, како удар со нож во грбот. И тоа во една крајно деликатна ситуација во која се наоѓа Македонија по речиси 30- годишна непрвда кога заедно само со Словенија целосно ги исполнуваше условите за брзо меѓународно признавање по крвавиот распад на Југославија и по 20 години блокирање на преговорите со ЕУ“, пишува Ризаов во својата колумна.

Слично

Поврзани вести