Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ериксон не управува со опремата за прислушкување во УБК, туку само асистирал на СЈО

Ериксон не управува со опремата за прислушкување во УБК, туку само асистирал на СЈО

Шведскиот телекомуникацски гигант излезе со официјално соопштение за состојбата со системот за следење на комуникации во Управата за безбедност и контраразузнавање како и на истрагата која ја води СЈО. 

Ериксон посочи дека не е сопственик на опремата, ниту оперира со опремата за Законско Пресретнување на комуникациите, се вели во официјалното соопштение на компанијата.

„Законското пресретнување на комуникации е задолжителна и стандардна функционалност во мрежите на јавната телефонија и телеком операторите и земјите во светот се обврзани да овозможат таква функционалност за локалните власти. Ериксон, како производител на телефонски системи и опрема, исто така, е производител на Системи за Законско Пресретнување“, соопшти Ериксон.


Ериксон потврди дека на 19-ти октомври 2016 година добил барање од Специјјалното Јавно Обвинителство (СЈО), по судска наредба од Основниот суд Скопје 1 во Скопје, за техничка асистенција заради истрага и во врска со функционалноста на Законското Пресретнување на комуникации, при тоа додавајќи дека понатамошни информации треба да се бараат од СЈО.


Слично

Поврзани вести