Ердоган: Tурција има принципиелен став без дилеми за спорот со името
Tурскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, по средбата со неговиот македонски колега Ѓорѓе Иванов изјави дека Турција не се однесува двострано, не мрда лево или десно и има принципиелен став без дилеми за спорот со името.
Тој потсети дека не само што ја поддржува Македонија со уставното име туку е и првата држава која испрати амбасадор во земјата.
Претседателите констатирале дека треба да се интензивира соработката во борбата против тероризмот со цел заштита на суверенитетот и интегритетот на земјите во глобални рамки.
Иванов очекува турските инвестиции во Македонија да бидат проширени и во другите сектори.
Слично
