Ердоган победи и во Македонија
Во Македонија, за победникот на турските претседателски избори Реџеп Таип ердоган Ердоган го поддржале 58,21 отсто турски гласачи, додека неговата коалиција Народниот сојуз освои 59,25 отсто од гласовите.
Турците од дијаспората гласаа на изборите во 123 турски дипломатски мисии во 60 земји.
Според прелиминарните резултати на гласачкото место во Турската амбасада во Сараево, турскиот
претседател Реџеп Таип Ердоган освои 58,95 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат
Мухарем Инџе освои 29,58 отсто од гласовите. Кога станува збор за резултатите од парламентарните
избори во Сараево, 60,28 проценти од гласовите отидоа Националната алијанса, предводена од Партијата
на правдата и развојот на Ердоган (AK Parti). За Ердоган во Косово гласале 57,4 отсто од запишаните избирачи.
Главниот противкандидат на Ердоган, Мухарем Инџе, од опозициската Републиканска народна партија,
доби 30,6 отсто вкупни гласови, а освои мнозинство гласови во Албанија, Бугарија, Грција, Романија и
Србија со 49,1; 58,3; 55,9; 41,1 и 63,6 проценти.
По објавувањето на првите резултати Турците ја прославија победата на Ердоган во Скопје, Сараево,
Нови Пазар и Призрен.
