Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган барал да се гради база во Македонија?

Ердоган барал да се гради база во Македонија?

Претседателот на грчката партија „Река“, Ставрос Теодоракис, во емисијата „Сега”, на грчката телевизија Скај, изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побарал од премиерот на Македонија, Зоран Заев, Турција да отвори воена база. 

Вели дека ова би било против услуга за поддршката и помошта која ќе им ја даде на Македонија, пренесува грчкиот медиум “Elefterostipos”, објавува Portalb.mk.

И Грција и Турција се членки на НАТО, но постојано се во конфликт околу морската граница во Егејско и Кипарското прашање.

„Дали да ќе дозволиме да се формира турската воена база на нашата северна граница и толку блиску до Солун?“- вели Теодоракис. 

Теодоракис ова го кажа во контекст на разговорите за името и поддршка за посветеноста на тоа дека проблемот треба да се реши што е можно поскоро.

Тој имаше средба со премиерот Алексис Xipras, со кого разговараше за потребата за формирање на Советот за национална безбедност.

Слично

Поврзани вести