Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Еразмус +“ под лупа на надлежните, Николовски најави и политичка одговорност ако има основа

„Еразмус +“ под лупа на надлежните, Николовски најави и политичка одговорност ако има основа

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, Љупчо Николовски на социјалните мрежи информираше дека надлежните институции почнаа со проверка на случајот за доделувањето финансиски средства од ЕУ преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. 

Тој е во постојана комуникација со институциите и најави дека случајот целосно ќе се истражи и расчисти.

„Истрагите не ја исклучуваат и политичката одговорност, ако за тоа има основа. Како член на Владата одговорен за спроведување на етичкиот кодекс, активно го следам развојот на настаните и ќе ја известам јавноста за секоја понатамошна релевантна информација“, наведува Николовски.

Станува збор за случај каде беше објавено дека фризерница добила 270.000 евра, по што добитникот на грантот објасни дека не е фризер, туку наставник и обучувач со долги години искуство зад себе. 

Директорката Лидија Димова рече дека европските пари не може да бидат злоупотребени и дека нема да поднесе оставка. 

Европската Комисија (ЕК) отвори истрага за случајот „фризерница“ со намера да испита евентуална злоупотреба на пари за образование преку Националната агенција на чие чело е Лидија Димова.

Слично

Поврзани вести