Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕПП ќе и ја затвори вратата на ВМРО-ДПМНЕ?

ЕПП ќе и ја затвори вратата на ВМРО-ДПМНЕ?

Партијата ВМРО-ДПМНЕ би можела да биде исклучена од своето европско семејство доколку продоложи да се однесува неконструктивно кон Преспанскиот Договор, брифираат членови на ЕПП.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предизвикала голем гнев кај највисоките челници на Европската Народна Партија, пренесува МИА. 

Претседателот на ЕПП, Жозеф Дол, во неделата телефонски разговарал со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, дознава МИА. Дол на “крајно недипломатски и на строг начин“ го предупредил Мицковски дека доколку ВМРО-ДПМНЕ не дозволи демократска дебата за усвојувањето на Преспанскиот Договор, партијата “ќе мора целосно да ја сноси одговорноста за сите последици со кои ќе се соочи земјата“.

Дипломатите во Брисел стравуваат дека без Преспанскиот Договор, Македонија ќе биде изолирана, политички и економски и дека со соочува со сериозен ризик од демократско назадување.

ЕПП е најголемата и највлијателната политичка група во Европската Унија, во неа членуваат скоро сите демохристијански партии од земјите членки на ЕУ и земјите кандидати. 

Слично

Поврзани вести