ЕПЛ сака да биде и морален гигант-за што ќе плати 38 милијарди долари?
Американскиот технолошки гигант Епл ќе плати околу 38 милијарди долари данок на отприлика 250 милијарди долари парични резерви кои ги држи надвор од САД.
Се очекува тој износ да биде најголема даночна уплата во рамки на реформите со кои се намалува стапката на корпоративен данок. Компанијата исто така планира изградба на нов кампус и создавање на нови 20 000 работни места во САД.
Од тој технолошки гигант наведуваат дека нивните планови во следните пет години ќе допринесат за американската економија со повеќе од 350 милијарди долари. Компанијата не го објавила износот на кеш кој од странство ќе го врати во САД.
Извршниот директор Тим Кук изјавил дека „ЕПЛ ги сконцентрирал своите вложувања во подрачја во кои може да има влијание на создавање работни места“.
Компанијата во САД моментално вработува 84 000 работници и се очекува дека соработката со домашните добавувачи и произведувачи оваа година ќе има расходи од 55 милијарди долари.
