Економија, финансии, бизнис

Контакт

Епископот Јаков ќе го донесе Благодетниот оган во Македонија

Епископот Јаков ќе го донесе Благодетниот оган во Македонија

За првпат МПЦ-ОА ќе го донесен Благодетниот оган од Ерусалим во земјава за Велигден со помош на Бугарската православна црква. Макеоднскиот епископ Јаков утре заедно со делегацијата на Бугарската православна црква со авионот на бугарската влада ќе отпатува во Ерусалим и утревечер од таму, преку Софија, во земјава за првпат ќе го донесе велигденскиот оган. 

Бугарските медиуми пренесуваат дека епископот Јаков во земјава ќе донесе два фенери со огнот од Ерусалим, придружуван од Емил Велинов, директор на бугарската владина Дирекција за религија.

Одлуката македонски епископ да се приклучи во делегацијата на БПЦ за Ерусалим е донесена на 3 април на состанокот на бугарскиот Митрополитот Кипријан, кој ја предводи бугарската делегација, со бугарскиот премиер Бојко Борисов. 

Делегацијата од софискиот аеродром ќе замине утре рано наутро, а треба да се врати во Софија во 19 часот по македонско време. Тие со себе ќе носат 5 фенери со светиот оган од Ерусалим, од кои два, повторно со авионот на бугарската влада, ќе го продолжат патувањето кон Северна Македонија.

Бугарската црковно-државна делегација, заедно со македонскиот епископ, ќе присуствува на богослужбите во храмот „Воскресение Христово” во Ерусалим, каде што над гробот на Исус Христос секоја година, според верувањата, од небото се спушта Благодетниот оган.


Слично

Поврзани вести