Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕПИЛОГ ПО СРЕДБАТА ЗАЕВ-МИЦКОСКИ: Нема компромис за СЈО

ЕПИЛОГ ПО СРЕДБАТА ЗАЕВ-МИЦКОСКИ: Нема компромис за СЈО

Работни  групи на СДСМ и на ВМРО – ДПМНЕ од денеска ќе работат на новиот  предлог закон за јавно обвинителство  со кој се предвидува интегрирање на Специјалното јавно обвинителство во Јавното обвинителство, најавија  по вечерашната средба во Владата премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На средбата се разговарало за обезбедување услови за одржување фер и демократски претседателски избори и за реформските закони, меѓу кои се и законите за разузнавачките служби.

Заев и Мицкоски не разговарале за предвремени парламентарни избори, а не било  прифатено барањето на ВМРО-ДПМНЕ на нивен предлог да се избира државниот јавен обвинител.

– Ќе обезбедиме изборите да бидат кристално чисти што е важно и од државен и од партиски аспект, изјави Заев, посочувајќи дека верува оти  во предизборието, текот на изборната кампања и на самиот изборен процес сите политички чинители ќе делуваат во таа насока за да не се даде ниту еден аргумент на Европската унија што би бил слабост во пресрет на добивањето датум за преговори во јуни.

Мицкоски посочи дека изнеле забелешки во насока на обезбедување кредибилни претседателски избори и оти,мнеѓу останатото, потенцирале места за кои имале докази за неправилности за време на референдумското изјаснување.


Слично

Поврзани вести