Економија, финансии, бизнис

Контакт

Епилог по 66 дена полицискиот час: 3.110 приведени, велешани и кумановци најпослушни

Епилог по 66 дена полицискиот час: 3.110 приведени, велешани и кумановци најпослушни

Наќе Чулев, министерот за внатрешни работи, на денешната прес-конференција на првиот ден откако е укинат полицискиот час по 66 дена во Македонија објави дека севкупно до сега мерката за ограничување на движењето не ја почитувале 3.412 сторители, додека 3.110 од нив се приведени од страна на полицијата.

- На територијата на СВР Скопје и СВР Битола има најголем број на случаи на  најнедисциплинирани граѓани , додека одделенијата на територијата на Велес и Куманово забележуваат најдисциплинирани граѓани, рече Чулев.

До сега 1.973 лица се затекнати без лична заштита маски, додека на социјалните мрежи имало 57 настани на говор на омраза за Ковид 19, поради што до ОЈО биле поднесени 33 известувања и две кривични пријави

- Не треба да заборавиме дека вирусот се уште е присутен во нашата земја. Да го задржиме нивото на одговорност и дисциплина. Во наредниот период ќе следуваат зајакнати контроли заради задолжително носење на маски и физичка дистанца, бидејќи се намалува активноста за контролирање на полициски час, најави Чулев.

Уште еднаш ја повика Владата да ја прифати неговата предлог-уредба за еднократна парична награда за полицајците од 15.000 денари.


Слично

Поврзани вести