ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Епилог од вчерашниот пожар во Злокуќани: Шест лица вдишале чад, мало дете е повредено

Епилог од вчерашниот пожар во Злокуќани: Шест лица вдишале чад, мало дете е повредено

По вчерашниот пожар во скопската населба Злокуќани, објавени се првите детали, а станува збор за инцидент кој избил во куќата на Емин Ибраими во која живееја 12 члена и сега се на улица. Пожарот зафати неколку семејни куќи, кои сега се пеплосани.

Шест лица побарале лекарска помош поради гушење од чад, a со повреди се здобило едно малолетно дете и двајца пожарникари кои со воила на итната помош биле пренесени во болница. Лекарите велат дека по интервенцијата се пуштени дома. 

Пожарот кој беснееше неколку часа избувнал од плинска боца во куќата. Пламенот се ширел со голема брзина и за кратко време зафатил уште неколку соседни куќи.  Први на помош пристигнале соседите кои гаселе со црева и ги евакуирале децата од опожарените куќи.

На пожарот интервенирале 8 противпожарни возила на скопската бригада. Гаснењето било отежнато бидејќи се работи за куќи кои се лепенки една на друга.


ad
Слично

Поврзани вести