Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕПИДЕМИОЛОШКАТА КРИВА ОДИ НАДОЛУ: Намален бројот на новозаразени, но полицискиот час би продолжил и по 20. април ако има потреба

ЕПИДЕМИОЛОШКАТА КРИВА ОДИ НАДОЛУ: Намален бројот на новозаразени, но полицискиот час би продолжил и по 20. април ако има потреба

Бројот на новодијагностицирани со корона вирусот денеска е околу 1000, изјави министерот Венко Филипче, истакнувајќи дека повторно во земјава има тренд на намалување на бројот на новозаразени.

-Ова потврдува дека епидемиолошката крива е во континуиран пад и тоа еден добар податок. Тоа значи дека мерките во рамките на предвидувањата ги даваат своите резултати, изјави денеска министерот Филипче, но истовремено додаде дека притисокот во болниците е се уште голем, бидејќи е голем и бројот на новозаразените на дневна основа.

– Во сите јавно-здравствени установи согласно распоредите и прераспределбата на пациенти има слободни болнички кревети и во Скопје на Интерните клиники и во ковид-центарот во Заводот за рехаблитација во Козле, како и во другите градови. Се прави прераспределба на пациенти од другите градови ако треба. Во овој момент се преоптоварени болниците во Куманово и во Битола и тоа на дневно ниво го менаџираме, рече Филипче.

Што се однесува до рестриктивните мерки, министерот истакна дека доколку има потреба, полицискиот час би останал на сила и по 20.април, кога истекуваат точно 14 дена откако е воведен.

-Во зависнот од индикаторите ако има потреба, дефинитивно да, најави Филипче.

А.Б.

Слично

Поврзани вести