Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕПИДЕМИОЛОГОТ ДАНИЛОВСКИ: Македонија нема време уште 2-3 недели да профункционираат мерките, потребно e најстрого затворање во време на викендите

ЕПИДЕМИОЛОГОТ ДАНИЛОВСКИ: Македонија нема време уште 2-3 недели да профункционираат мерките, потребно e најстрого затворање во време на викендите

Епидемиологот, д-р. Драган Даниловски смета дека не смее повеќе да се чека и да им се дава шанса на актуелните мерки кои треба да ја намалат странсмисијата на вирусот. Посочува дека би било доцна дури ако за две-три недели се пристапи кон воведувањето на најстрогата мерка, карантинот, заради што неговиот став е дека, тоа треба да се случу уште од следниот викенд.

-Откако бројот на хоспитализирани надмина 1.000, а при сè поисцрпен здравствен кадар, веќе се наметнува прашањето: Дали воопшто треба уште да се чека, за да се преземат ригорозни мерки? Зашто, не знам дали имаме време од 2-3 недели за да видиме дали мерките ќе профункционираат. Можеби уште оваа недела. После која, неизбежно е потребно најстрого затворање. Но, не по примерот на другите земји. Туку само за деновите на викендите. Почнувајќи уште од следниот викенд. Потоа, делумно олабавување во текот на работните денови.

Не доаѓа предвид континуирано подолго затварање (од неколку недели)! Зошто? Затоа што тоа ќе предизвика многу штета – економска, социјална. Primum non nocere! Периодичните затварања ќе предизикаат помала штета.

Зошто не можеме да исчекаме две недели? Затоа што, ако секој нареден ден имаме по околу 1000 позитивни, за 10 дена ќе имаме 50.000. Ако од нив во просек се хоспитализираат 30, за 10 дена ќе дојдеме до 1.300. Не може до бескрај да се пренаменуваат клиники за ковид пациенти. Инфективна клиника, монтажната болница и ГОБ 8 Септември се преполни. Во болниците во другите градови ситуацијата е слична.

Потоа, бидејќи сè поголем број болни се на кислородна поддршка, очигледно е дека критериумите за хоспитализација стануваат сè построги. А тоа значи, сè повеќе случаи, на кои според тежината на клиничката слика им припаѓа хоспитализација, се враќаат на домашно лекување. На терет на матичните доктори... кои се на работ на своите сили. Можеби треба да се сменат протоколите за да може да почне со терапија и човек што има макар и лесни симптоми, БЕЗ да се чека да добие резултат од ПЦР. Тоа со чекањето за термин за тест и после, чекањето за резултат, прави тие луѓе да шетаат наоколу и да го сеат вирусот. Дел од нив, чекајќи, преминуваат во фаза со тешки симптоми... па за нив после нема место во болница... и ги враќаат дома. И за некои станува доцна...

Во продолжение целиот текст од епидемиологот Даниловски, на неговиот профил на Фејсбук


Слично

Поврзани вести