Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕПИДЕМИОЛОГОТ ДАНИЛОВСКИ: Индискиот сој е повирулентен, ризик од зараза постои и за вакцинираните граѓани

ЕПИДЕМИОЛОГОТ ДАНИЛОВСКИ: Индискиот сој е повирулентен, ризик од зараза постои и за вакцинираните граѓани

Епидемиологот Драган Даниловски во интервју за ТВ Сител посочува дека инфекцијата со индискиот сој на корона вирусот е можна и кај вакцинираните граѓани, иако не се знае колква е процентот.

Сите вакцини штитат од индискиот сој на коронавирусот, но можно е и некој вакциниран да се зарази со таа мутација и да го донесе во земјава, предупредува епидемиологот Драган Даниловски во интервју за Сител. Не знаеме колкав е процентот за такво нешто, но заразувањето со индискиот сој е можно и кај вакцинираните. Сепак мислам дека ризикот е мал, со оглед на тоа што на граница треба да приложите негативен ПЦР тест или доказ за вакцинација – вели д-р Даниловски.


Слично

Поврзани вести