ЕПИДЕМИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА СПЛАСНУВА: Филипче порачува граѓаните и натаму да останат внимателни
Министерот за
здравство, Венко Филипче, кој денеска присуствуваше на воената вежба „Одлучен
удар 21“ на Криволак, во изјава за медиумите потенцираше дека и покрај тоа што
епидемијата на корона вирусот спласнува, граѓаните мора и натаму да останат
внимателни.
– Во рамките на сѐ ова што се случува имаме јасни податоци дека епидемијата спласнува, но апелирам граѓаните да останат внимателни. Маската е добар механизам да се заштитиме. Еве се трга и забраната за групирање, меѓутоа добро е да се има предвид, да се има при рака ако има групирање, макар и надвор, иако е топло може да користи. Исто и за собирите дома, сите граѓани треба да се свесни дека имаме стабилна ситуација, но никој, кој било во светот, не може да предвиди како понатаму ќе се одвива епидемијата. Ние ги пратиме сите трендови кај нас, во околните земји и така согласно тоа ги даваме препораките, рече министерот.
