ЕП сепак не го усвои амандманот на Резолуцијата за Македонија со кој се осудуваше реториката на Бугарија
Европратениците сепак денеска не ја осудија Бугарија.
Европскиот парламент не го усвои амандманот на Резолуцијата за Македонија на социјалистите и зелените со кој се осудуваше реториката на Бугарија кон земјава за историските прашања. Тоа ги израдува бугарските европратеници. Освен амандманот за несоодветното бугарско однесување, беше отфрлен и амандманот со кој се осудува земјава дека не признава постоење на бугарско малцинство, но поминаа два амандмани поднесени од германски европратеник Михаел Галер, во име на групата на Народни партии, во кои се изразува жалење што земјава не ги спроведува досегашните препораки за недискриминација на граѓаните кои се декларираат како Бугари, а се бара и преземање соодветни мерки за надминување на поделбите меѓу етнички групи, вклучително и со граѓаните со бугарски идентитет. Пред дебатата на европратениците во кој дел од нив блокадата од Бугарија ја нарекоа неодговорност и ја повикаа да ја повлече, беше презентирана резолуцијата за Макеоднија од известувачот за земјава во Европскиот парламент, Илхан Ќучук. Тој побара реформите да продолжат. Слична порака за реформите и полиитчките партии стигна и од еврокомесарот, Оливер Вархеји.
