Економија, финансии, бизнис

Контакт

Енергетски пасоши за државните згради?!

Енергетски пасоши за државните згради?!

Следните три години сите јавни институции ќе треба да направат енергетска контрола на објектите за да се увиди колку електрична енергија се троши, според измените на Законот за енергетика кои денеска беа поддржани од Комисијата за економски прашања.

„Првпат ќе се воведува т.н. енергетски пасош. За таа цел, односно за проценка на потрошувачката на енергија во објектите на владините, јавни институции ќе се формира комисија која воедно ќе има обврска да изготвува и извештај кој точно ќе покаже каде треба да се интервенира за намалување на трошоците, на потрошувачката на енергија“, информираше министерот за економија Ваљон Сарачини.

Измените се воедно во насока на усогласување со Законот за јавно приватно партнерство и европската легислатива.

Слично

Поврзани вести