Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЕНЕ ЈА ТРЕСКА ШО И ФАЛИ“: Ина Многуфина распали за потрошувачката кошница 'манго и папаја е нормално за Влада бидејќи расте кај Валандово'

„ЕНЕ ЈА ТРЕСКА ШО И ФАЛИ“: Ина Многуфина распали за потрошувачката кошница 'манго и папаја е нормално за Влада бидејќи расте кај Валандово'

Остри реакции во јавноста по најавите на владините претставници дека во потрошувачката кошница која ја подготвуваат нема да бидат опфатени одмори надвор од државата, ниту пак набавка на овошје кое не е сезонско, или пак цигари, алкохол и други производи бројни реакции во јавноста. 

На темата реагираше и познатата општества критичарка пред се преку социјалните мрежи, Ина Многуфина, кој алудираше на одлуката на Владата да не вклучи одмор во странство во кошницата. 

- Во потрошувачката кошничка одморот во странство се смета за луксуз изгледа според политичарите одмор по местата во земјава каде за овие години не успеа никој да го развие туризмот е сосема ок и имаат капацитети да не соберат сите. 

Потоа овошје што не е сезонско е луксуз, освен за нив, манго и папаја е сосема нормално да се набавува во Влада бидејќи тоа е сезонско и расте кај Валандово. Така да, ако се сведе кошничката на леб, вода, сол и сеа ќе видиме дали конзерва или смрзнат грашок и уште нешто, ќе видите дека на Македонецот му е сосема супер живеачката и не сме ние сиромашни и цените високи туку сме трошаџии. 

Нема што да идеме у странство на одмор, ене ја Треска шо и фали - пишува Ина Многуфина. 



Слично

Поврзани вести