Емиратите бараат работници – најмалите плати 1200 евра
Обединетите Арапски Емирати бараат работници кои ќе работат во училишта и градинки.
Тие бараат кандидати за месечна плата од 1200 до 1600 евра. Дел од кадарот е за раководење на градинките и тие ќе примаат од 2000 до 2500 евра плата.
Ова е само еден од огласите на српската Национална служба за вработување, која нуди огласи за работа во странство.
Воедно, Германија бара седум асистенти за здравствена нега, а во Словенија и Унгарија се бараат возачи за камиони.
На овој начин 254 луѓе пронашле работа во странство.
Се бараат највеќе медицински лица, занаетчии, заварувачи, работници за производство и слично.
Национална служба за вработување оваа година издала 1.833 дозволи за работа во странство. Повеќето отишле во Германија, а од друга страна во Србија најмногу вработени странци се Кинези. Тие доаѓаат во земјата и тука отвараат свои продавници.
