Економија, финансии, бизнис

Контакт

Емил Јакимовски Гусарот осуден на казна затвор

Емил Јакимовски Гусарот осуден на казна затвор

Кривичниот суд го осуди Емил Јакимовски Гусарот  првостепено на една година и осум месеци затвор поради загрозување на сигурноста кон неговата поранешна сопруга и за заканите упатени кон новинарка.

Поранешниот вработен во Централен регистар ќе биде во притвор до правосилноста на пресудата. Сепак, Јакимовски останува да лежи во психијатриската установа во Бардовци бидејќи страда од психичко нарушување.

Освен кон својата поранешна сопруга и до новинарки, тој закани упатуваше и кон Марија Бошковска Јанковски, директорката на Централен регистар, како и до градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

Првото дело осудениот како поранешен сопруг на оштетената, при вршење семејно насилство, и ја загрозил сигурноста со сериозна закана дека ќе нападне врз нејзиниот живот и тело и врз животот и телото на нејзино блиско лице – нејзиниот татко.

Второто дело го сторил на 10 јануари, кога по пат на информатички систем и се заканувал на оштетена дека ќе изврши кривично дело –Убиство за кое е пропишана казна затвор од најмалку пет години. 

Слично

Поврзани вести