Економија, финансии, бизнис

Контакт

Емил Димитриев: Едвај чекав да заврши техничката влада

Емил Димитриев: Едвај чекав да заврши техничката влада

Поранешниот технички премиер Емил Димитриев денеска како сведок на судењето на обвинетите за организација на настаните на 27 април 2017 во Собранието рече дека едвај чекал да заврши продолжениот мандат на техничката влада која ја предводел.

Во тој период техничката предизборна влада траеше подолго од предвиденото затоа што парламентарното мнозинство не можеше да ја избере новата извршна власт, а тоа кулминираше со крвавите настани во Законодавниот дом.

Димитриев рече дека како претседател едвај чекал да заврши техничката влада со нејзините должности, затоа што била нефункционална, а Собранието било блокирано.

- Настаните од 27 aприл ѝ нанесоа голема штета на државата и фрлија црна дамка. Сметам дека ВМРО-ДПМНЕ беше најголем губитник од настаните, рече Димитриев.

Инаку тој истакна дека како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ немало одлука за поддршка за протестите и оти ги поддржувале само пораките од истите, а дента немал не контактирал со обвинетитеТрајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески




Слично

Поврзани вести