Емигранти скокале од возило во движење во Македонија: Еден починат, шестмина во болница
Асошиејтед прес пренесува дека еден емигрант од Бангладеш починал, а шестмина од Пакистан се тешко повредени откако скокнале од возило во движење во Македонија на автомагистралата. Возачот им наредил под итно да скокнат додека го гонела полициска патрола на транзитен пат помеѓу Грција и Србија.
Во возилото имало вкупно 15 емигранти кога рано изутрината во неделата се случил трагичниот инцидент.
Шестминара повредени Пакистанци биле пренесени во најблиската болница, а полицијата го уапсила возачот. Нема информации колкумина скокнале од превозното средство.
Слично
