ЕМА ќе ја одобри вакцината и на АстраЗенека, ќе препорача со неа да не се вакцинираат постари од 65 години
Денеска се очекува Европската агенција за лекови (ЕМА) да ја регистрира вакцината на британскио-шведскиот производител АстраЗенека, по што Европската Комисија може да даде формално одобрување. Доколкуцелата процедура заврши денеска, вакцината на АстраЗенека ќе биде третата вакцина достапна на Европската Унија по оние на Фајзер/БионТек и американската на Модерна.
Инаку, по објавата на германските здравствени власти дека вакцината на АстраЗенека нема доволно податоци за нејзината ефикасност на лица над 65 години, можно е ЕМА да даде препорака вакцината да се аплицира само на лица од 18 до 64 години., пишува денеска CNBC.
Истовремено, Германскиот комитет за имунизација појасни дека освен старосната граница препорачана за АстраЗенека, сите три вакцини се идентично корисни за употреба.
Од АстраЗенека го негираат тврдењето дека нивата вакцина не била доволно ефикасна кај лицата над 65 години, објаснувајќи дека имаат помалку податоци околу оваа старосна група само затоа што подоцна почнале да ги вакцинираат.
ФОТО/CNBC