Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ВЕДНАШ ЗАЖАЛИВМЕ ШТО ПОМИНАВМЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА, ПРЕКУ БУГАРИЈА Е ПОДОБРО“: Туристи од Србија со критики за нашата земја, ем ни ги блокираат границите ем нѐ критикуваат

„ВЕДНАШ ЗАЖАЛИВМЕ ШТО ПОМИНАВМЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА, ПРЕКУ БУГАРИЈА Е ПОДОБРО“: Туристи од Србија со критики за нашата земја, ем ни ги блокираат границите ем нѐ критикуваат

Летниот период за Македонците е кошмар ако треба да патуваат надвор од Македонија заради хаосот што го имаме на границите со Грција и Бугарија. Причината за тоа е едноставна: голем број граѓани на Србија што патуваат на одмор во Грција.

Сега некои туристи што патувале низ нашата земја, почнаа и да критикуваат дека не чинел патот, ограничувањата за возење ни биле очајни а и радарите не им чинат. 

„ Здраво на сите, би сакала да споделам нешто со оние кои одат во правец на Тасос и се двоумат да патуваат низ Бугарија и Македонија.

Водени од коментарите кон Тасос, поминавме низ Македонија (Дојран). На двете граници останавме околу 30 минути. Враќањето беше преку Бугарија.

Веднаш зажаливме што воопшто поминавме низ Македонија. Патот е многу полош, ограничувањара се очајни 100, 50, 70, 30 па 90 и така во круг без причина. Има радар на неколку делови.

Суштината. Ако се сомневате, немојте. Тргнете преку Бугарија. Без гужви, добри патишта. Не знам по какви писти патуваа луѓето и не одвратија од Бугарија, но сигурно ако пак одиме на Тасос (што е маѓепсувачко) ќе одиме преку Бугарија“, напиша една членка во групата „Грција инфо.“


ФОТО:Илустрација/Пиксабеј


Слично

Поврзани вести