Елвис Бајрам од болница на митинг - Животот не дојде во Македонија
Актуелниот градоначалник на општина Шуто Оризари Елвис Бајрам по излегувањето од болница излезе на говорница на митингот на коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ. Пред граѓаните говореше за последиците од тепачката со спротиставена група пред штаб на кандидат поддржан од СДСМ во Шуто Оризари. Синот на Амди Бајрам тврди дека „животот во Македонија“ кој го ветува СДСМ не е дојден, не по тешките последици од тепањето.
- Заради ова мислам дека сите на 15 октомври ќе ги казниме и ќе излеземе на гласање уште во првиот круг и да нема втор круг во Шуто Оризари. Верувајте дека мојата здравствена ситуација не ми е добра воопшто, но дојдов пред вас да ве замолам сите да водите сметка понатаму што ќе се случи доколку другите дојдат на власт, тогаш вашите деца, вашите фамилии ќе се плашат и ќе ги истепаат како што ме истепаа и мене. Ова ви го кажувам од сето срце и душа и уште еднаш ве повикувам на 15 октомври да излезете да гласате за бројот 18 и за мене, а воедно и да гласате за градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски, рече Елвис Бајрам.
За тепачката во Шуто Оризари МВР поднесе пријави против повеќе лица, меѓу кои и самиот Елвис Бајрам.