Елвис Бајрам цели кон нов мандат во Шуто Оризари: Има четворица противкандидати
Поранешниот градоначалник на Шуто Оризари, Елвис Бајрам повторно ќе ја бара довербата од граѓаните.
Ја поднел кандидатурата преку Сојузот на Ромите од Македонија, партија чиј основач и долгогодишен лидер беше неговиот татко, Амди Бајрам.
Елвис Бајрам беше градоначалник на Шуто Оризари во два мандати, од 2009 до 2017 година. Со неговото име се врзуваат низа скандали, меѓу кои и напад врз потпретседателот на изборната комисија во општината во 2013, а беше и физички нападнат во тепачка во 2017 година.
Освен Бајрам, кон градоначалничката фотелја целат и министерот без ресор Шабан Салиу, кој е опфатен со обвинението за трагедијата во Кочани, но Едис Хасан како кандидат на СДСМ, Ќамуран Сејди од Демократската партија на Ромите и Северџан Илјаз од партијата Демократи.
