Економија, финансии, бизнис

Контакт

Елка Јачева-Улчар прашува: Зошто кај нас да се учи бугарскиот, ако станува збор за два исти јазици?

Елка Јачева-Улчар прашува: Зошто кај нас да се учи бугарскиот, ако станува збор за два исти јазици?

Интересна реакција објави професорката Елка Јачева Улчар, по поредлогот кој беше изнесен, во нашите училиштѕа да се учи факултативно бугарскиот јазик. 

Таа со издржано прашање, зошто да се учи ако станува збор за два исти јазици, или, вели, тие сепак призанаваат дека станува збор за два различни јазици. 

„Па, зошто да го учат - нели ист ни е јазикот? Или ова е признавање нивно дека, сепак, се два различни јужнословенски јазици. Ако е така, зошто, не побара нашата држава реципрочно да се изучува македонскиот во Благоевград, на пример? Исто, факултативно!“, вели во својот пост на фејсбук професорката Елка Јачева Улчар.

Инаку ова следува откако штипскиот градоначалник, Сашко Николов, вчера, по средбата со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов, рече дека во духот на добрососедството и подобрата комуникација со Бугарија, дал предлог дека нема ништо против во нашите училишта факултативно да се изучува бугарскиот јазик, бидејќи секој јазик кој што е познат и присутен преставува основна комуникација меѓу народите. Тој нагласи дека со Агелов имале плодна средба затоа што разговарале за повеќе заеднички погранични проекти, за разни инвестиции кои ќе значат развој и на двете држави, но и за соработката меѓу градовите.

Бугарскиот амбасадор, пак, кој го посетил вчера Штип, изјавил дека е оптимист за спорот меѓу Македонија и Бугарија, при што најважно е да се врати довербата меѓу народите.

Слично

Поврзани вести