Економија, финансии, бизнис

Контакт

Елизабета Канческа Милевска со ослободителна пресуда во предметот „Тендери“

Елизабета Канческа Милевска со ослободителна пресуда во предметот „Тендери“

Поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска, како првообвинета во предметот „Тендери“ во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како дел од проектот „Скопје 2014“ е ослободена од вина во денешната пресуда од Основниот кривичен суд Скопје.

Судијата Осман Шабани утврдил дека јавниот обвинител не докажал дека таа ја фаворизирала фирмата „Бетон“ од Штип да го гради Музејот на ВМРО. 

Ослободени од кривичното дело злоупотреба на службената должност се и Лидија Лазарова Цветковска и Јулијана Угриновскасе како вработени во Министерството за култура и членови во комисија за јавни набавки.

Според обвинението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.


Слично

Поврзани вести