Еленовски назначен за специјален пратеник на Владата на РМ во НАТО
Владата синоќа на седница го назначи Лазар Еленовски за специјален пратеник на Владата на Република Македонија за НАТО интеграции во Брисел.
Еленовски за амбасадор во Брисел беше назначен во јули 2012 година, како предлог на ДУИ. Тој пред да стапи на оваа функција, беше министер за одбрана во Владата на Никола Груевски од 2006 до 2008 година од редовите на НСДП.
Владата на 56. седница отповика неколку конзули на Република Македонија, Ричард Голдман, Џејсон Мико, Томас Танеф, Ендру Димитри Пејкоф, Лоу Влашо, како и Пуршотам Карамангала Џајарам.
Владата го именуваше Бујар Дарлишта за в.д. директор на Управата за водење на матични книги.
Слично
