Елена Инадеска Аврамовска: Свеста на Singular се шири кон подигнување на физичкото и ментално здравје на вработените
Се чувствувам особено горда што сумдел од Singular од самиот почеток и активно сум вклучена во растот на компанијата - прво како самостоен бренд па сè до ден денес како дел од Flutter Entertainment Plc, светски познат лидер во онлајн спортско обложување и гејминг, вели Елена Инадеска Аврамовска која работи во софтверската компанија како Employee Experience Manager. Таа е во Singular од основањето во 2013 годинакога биле само пет луѓе во канцеларијата, а денес се повеќе од 80. Посочува дека да се види растот на фирмата, не само од број на вработени, туку и од аспект на тоа колку самата компаниска култура се има оформено низ текот на годините, е професионално искуство што ретко кој го има во време кога ИТ индустријата нуди безброј опции за кариерен развој.
Може ли да ни кажете повеќе за компаниската култура и во кои аспекти еволуираше?
Тоа што сум тука цели десет години е доказ за успешноста на вредностите што ги негуваме, меѓу кои флексибилноста, тимската работа и можностите за професионален и личен развој. Почнав како HR & General Affairs. Две години подоцна, зголемениот број на вработени ја истакна потребата од зацврстување на секторот за човечки ресурси во канцеларијата, па така мојата позиција прерасна во HR Manager. Вклучувањето во интернационалната дивизија на Flutter Entertainment претставуваше огромна поддршка за реализиција на нашата визија за компаниска култура исполнета со придобивки, искуства и настани што ќе придонесат нашите вработени да имаат извонредно работно искуство. Но, за оваа визија да биде реалност, беше потребен човек што секојдневно ќе работи кон нејзиното остварување, па така уште еднаш мојата позиција прерасна во друга, овој пат како Employee Experience Manager. Сметам дека во Singular имав огромна можност за професионален раст и развој, но и самите придобивки што ги нуди компанијата ми овозможија дополнително да се фокусирам и на приватниот живот, а благодарение на тоа што сум тука десет години, можев да создадам навистина цврсти односи со колегите коишто се исто така долго време во фирмата.
Годинава Singular во Скопје одбележува 10 години постоење. Како го гледате прогресот во иднина?
Менаџментот на Singular отсекогаш имаше јасна цел дека темелите на компаниската култура мора да се изградат од самиот почеток и континуирано да се вложува во неа за да прерасне во нешто „outstanding“. Па така, во нашата канцеларија секогаш имало безброј иницијативи и можности за професионален и личен развој, за размена на знаења, но и многу тимски дружби и заедничко прославување на успесите на компанијата. Со текот на годините, нашиот фокус се прошири и кон подигнување на свеста за менталното и физичкото здравје, како и суштинската потреба од баланс меѓу личниот и професионалниот живот - пристап којшто подетално го покриваме со нашата нова кампања, We BeneFit.
Во неа ја прикажуваме посветеноста на Singular кон флексибилноста и поддршката што ние како компанија им ја даваме на вработените за нивниот личен и професионален напредок.По завршувањето на пандемијата, многу ИТ фирми почнаа да ги „враќаат“ вработените во канцеларија, но тоа не е случајот со Singular. Флексибилноста била и засекогаш ќе биде столб на нашата компаниска култура, а верувам дека сите придобивки коишто ги додаваме во нашиот пакет, ќе допридонесат оваа флексибилност да биде дополнително оформена на начин на којшто им одговара на сите наши вработени, независно дали станува збор за родители, за колеги што се грижат за членови на семејството на коишто им е потребна помош, или пак сакаат да се фокусираат на свои лични цели, итн.
Во кој дел од вашиот професионален живот најмногу уживате?
Минатата година Singular ја отвори својата нова канцеларија, за која што соработувавме со две архитектонски студија: MOBIUS Design Architectural Studio и Студио-ИН Инженеринг. Морам да кажам дека изгледа навистина модерно и ги содржи сите типови на простор што се потребни за продуктивно работење, тимска и самостојна работа, како и за дружење и релаксација. Во Singular отсекогаш сме негувале пријателска и забавна атмосфера, што резултирало со многу дружби во канцеларија, независно дали заедничко кафе и ручек паузи или афтерворк дружби. Од таа причина, особено ми е мило што нашата канцеларија има и дополнителен простор - амфитеатар за работилници и настани, соби за друштвени игри - билијард и фудбалче, како и кафуле на последниот спрат, благодарение на што имаме прекрасен поглед кон Водно (сега кафе паузите се уште поубави). Како човек што е голем љубител на ентериер и дизајн, ми беше задоволство што и јас имав удел во уредувањето на канцеларијата, а тоа ја прави многу посебна за мене. Иако во Singular вработените постојано имаат можност за работа од дома, добар дел од нив сепак доаѓаат редовно во канцеларија, што ја прави работната атмосферата уште позабавна.
Земајќи во предвид дека сте експерт во сферата на менаџмент со човечки ресурси, може ли да потенцирате што го прави среќен еден вработен и како Singular ги достигнува тие критериуми?
Навистина е клучно компанијата континуирано да вложува во тоа што им го нуди на вработените, но и да се води според нивниот фидбек и активно да ги вклучува во процесите и случувањата што се случуваат интерно. Во Singular, отсекогаш сме барале фидбек од нашите вработени и врз основа на тоа носиме одлуки и креираме стратегии. Неодамна го дополнивме и нашиот пакет на придобивки, па така вработените на Singular сега имаат на располагање 30 дена платен одмор, пристап до премиум алатки за ментално здравје и личен развој, referral & performance бонуси, 100% платено татково отсуство до четири недели, а дополнително како бренд на Flutter Entertainment Plc, нашите вработени имаат можност да аплицираат за работно место во која било канцеларија на Flutter низ светот, да патуваат и работат во некоја од овие канцеларии, како и да учествуваат во настаните што ги организира групацијата за размена на знаења помеѓу брендовите и нивните вработени.
Особено е важно да се каже тука дека освен придобивките и работната атмосфера, на вработените им е многу важно да работат на интересни проекти преку кои ќе можат да го надоградуваат своето знаење. Продуктите на Singular се интернационално признаени како лидери во својата индустрија, а доказ за тоа се меѓународните награди што ги имаме добиено низ годините и намногу од сè, тоа што нашиот труд и потенцијал беше препознаен од Flutter Entertainment Plc и во 2021 станавме нивен бренд. Нашите тимови сè уште работат in-house на продуктите и се директно вклучени во нивното градење и насоката во која ќе се развиваат.
Верувам дека во Singular постигнавме да креираме работно искуство што ги задоволува и професионалните и личните потреби на вработените. Сепак, нашиот слоган е #BeOutstanding, и сè што работиме е во таа насока, како за компанијата, така и за нејзините луѓе.
ПР објава