Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕЛЕМ за 200.000 евра најми консултант – ловец на инвеститори за Попова Шапка?!

ЕЛЕМ за 200.000 евра најми консултант – ловец на инвеститори за Попова Шапка?!
ЕЛЕМ распиша и оглас за изградба на шестоседна жичарница на Попова Шапка. Од новиот, потенцијален инвеститор на жичарницата ЕЛЕМ бара да докаже дека во изминатите 5 години изградил најмалку 30 шестоседни жичарници како и да поседува ИСО стандарди за квалитет и за животна средина.  Скопската фирма Векон Инт ДООЕЛ Скопје за 203.250 евра  го доби тендерот на Државните Електрани за развој на ски центарот Попова Шапка. Пред речиси два месеца ЕЛЕМ распиша оглас за избор на Консултант кој пак, ќе избере приватен партнер за развој, изградба, финансирање, користење, управување и одржување на скијачки центар Попова Шапка врз основа на постапка за воспоставување на јавно-приватно партнерство како концесија за јавна работа. Во конкуренција на уште една фирма, Векон ја доби зделката и сега ќе треба да го советува ЕЛЕМ кој е најдобриот начин за давање под концесија на ски-центарот Попова Шапка. ЕЛЕМ распиша и оглас за изградба на шестоседна жичарница на Попова Шапка. Иако и на овој оглас јавно не е достапна проценетата вредност на инвестицијата, последните информации се дека изградбата на новата жичарница шестосед, на новите скијачки патеки, како и реконструкцијата  на главниот пат се проценуваат на дури 30 милиони евра. Од новиот, потенцијален инвеститор на жичарницата ЕЛЕМ бара да докаже дека во изминатите 5 години изградил најмалку 30 шестоседни жичарници како и да поседува ИСО стандарди за квалитет и за животна средина. Мастер планот за ски центарот Попова Шапка предвидува и нови ски патеки и проширување на постојните, поголеми паркиралишта и реконструкција на главниот пат – активности кои треба да се одвиваат во првата инвестициона фаза, односно до 2014 година. Во втората и третата фаза се предвидува изградба на хотели и ресторани  за кои Владата ќе бара концесионер. Неколку пати до сега владини претставници се сретнаа со истакнати личности од областа на зимските спортови од Словенија и Хрватска за да разговараат за можностите за развој на македонските скијачки центри. К.П
Слично

Поврзани вести