ЕЛЕМ се откажува од катни гаражи
Државната енергетска компанија ЕЛЕМ се откажува од проекти како изградба на катната гаража која беше предвидена во Охрид и проектот на претходната владеачка гарнитура ќе биде ревидиран. Исто така донесена е одлука за поништување на тендерот за изработка на проект за гаражата.
Компанијата образложи дека „поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган“ и најави дека во наредниот период ќе се насочи кон реализација на проекти од нејзината основна дејност, а тоа е производството на електрична енергија.
ЕЛЕМ минатата година организираше Конкурс за архитектонско решение, а тендер за изработка на основниот проект и неговата ревизија беше објавен кон средината на април годинава.
Со промената а раководната гарнитура во компанијата е најавено дека ЕЛЕМ во наредниот период ќе се сконцентрираат на зголеменото производство на електрична енергија од домашните капацитети како основна дејност.
ЕЛЕМ во минатите години со сопствени средства изработуваше проекти за изградба на скијачки центар на Водно, за конгресен центар во Охрид, за изградба на жичара на Попова Шапка и други проекти.
