Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕЛЕМ: Под водство на Мицкоски ќе продолжи развојната политика

ЕЛЕМ: Под водство на Мицкоски ќе продолжи развојната политика

Од АД ЕЛЕМ реагираат на обвинувањата на СДСМ дека Христијан Мицкоски новоименуваниот директор е уште еден промашен обид на Груевски да ги покрие промашените проекти на коишто работеше ЕЛЕМ изминативе години директно по негова нарачка. 

Од ЕЛЕМ наведуваат дека Мицкоски е доктор од областа на машинството, универзитетски професор, автор на преку 100 научни трудови  и  добитник на повеќе  меѓународни  награди и признанија за иновации. Оттука,  „Електрани на Македонија“  може да има само придобивки од искористувањето на неговиот  стручен, професионален и меѓународно признат  капацитет кој ќе ја продолжи и унапреди  развојната политика на  компанијата. 

„Иако СДСМ се обидува да ги омаловажи  сите завршени и започнати  енергетски проекти,  потсетуваме дека  АД ЕЛЕМ во изминатиот период  реализира силен инвестициски циклус во изградба на нови производствени капацитети на електрична енергија, и во континуитет ја спроведува програмата  за модернизација и ревитализација на постојните електрани.  Компанијата манифестира силна посветеност во реализација на проекти од нови обновливи извори на енергија. За првпат, во Република Македонија е изграден и капацитет кој го користи ветерот како погонска сила. Изградени се два сосема нови капацитети за производство на електрична енергија, отворен е нов рудник за јаглен, спроведен е и сложен зафат за ревитализација и модернизација на хидроелектраните-втора фаза“ - велат од ЕЛЕМ. 

Од опозициската СДСМ претходно обвинија дека заради промашените политики во енергетиката, граѓаните на Македонија изминативе 10 години плаќаат за 100% поскапа цена на електричната енергија. 


Слично

Поврзани вести